Аудио

13 декември, 2018

Марија Спасовска ја објави караоке-верзијата на евровизиската „Дома“

Иако се пласираше на 12. место на годинашниот детстки Евросонг, емотивната балада „Дома“ во изведба на талентираната Марија Спасовска дефинитивно се издвои како еден од фаворитите, а многумина коментираа дека е најдоброто нешто што Македонија го пратила на двете верзии од фестивалот.

Со ова авторско дело на Дарко Димитров и Елена Ристеска, младата пејачка достоинствено ја претстави нашата земја во Киев, а на сцената ја донесе како вистинска бајка, благодарение на соработката со режисерката Љупка Јакимовска, што исто така доби само пофални зборови од евровизиските обожаватели.

Токму за нив сега достапна е и караоке-верзија на оваа прекрасна балада, со која ќе можат самите да ги пеат емотивните стихови со топла порака – дека секое дете заслужува топол дом! Марија допрва сигурно ќе нè изненадува со уште многу прекрасни песни, а дотогаш сите можеме да си пееме дека „сакаме да се радуваме на снегот дома, дома, дома!



Врати се горе ↑