Балкан serifovic-marija

17 јули, 2013

Марија Шерифовиќ објави конкурс за автори

Пејачката Марија Шерифовиќ на својот Твитер профил деновиве објави интересен конкурс повикувајќи ги сите автори кои сакаат да соработуваат со неа да ѝ ги испратат своите песни. Таа напишала: „Доколку сте автор и би сакале да ја отпеам Вашата песна, Ве поканувам да ми испратите демо снимка на адресата ja.sam.autor.ovog.hita@gmail.com – рок на праќање до 15-ти септември 2013 година.“

Потоа додала: „По преслушувањето можеби ќе добиете прилика да соработуваме и Вашата песна да се најде на новиот албум. Праќајте песни, чекам.“

Очигледно многу автори имаат желба да соработуваат со победничката на Евросонг, бидејќи следното што го напишала Шерифовиќ е: „Колку талентирани млади луѓе! Секоја чест! За неколку часа стигнаа преку 30 песни“ – напишала пејачката.

 

Извор и фото: vesti-online.com

 



Врати се горе ↑