Балкан marija-serifovic-aleksandar-ribak-1370603081-322103

7 јуни, 2013

Марија Шерифовиќ најави дует со Александар Рибак

Момчето кое со својата „Бајка“ ја освои Европа во 2009 година, Александар Рибак ќе сними дует со Марија Шерифовиќ, пренесуваат српските медиуми. Пејачката неодамна го најави проектот „Исповед“, по повод 10 години од нејзината кариера. Во рамките на овој проект ќе се најде и албум, а како прв официјален гостин е најавен токму Рибак. Двајцата евровизиски победници ја освоија европската публика со одличните композиции, па несомнено дека и овој пат ќе понудат квалитетно музичко парче.

 

Извор: kurir-info.rs



Врати се горе ↑