Балкан mar-ser

14 март, 2014

Марија Шерифовиќ ќе настапи во финалето на X Factor

Победникот на првата сезона на регионалниот X Factor ќе го дознаеме на 23-ти овој месец, а како специјална гостинка  на големото супер финале ќе настапи српската пејачка која за прв пат ја донесе Евровизија во Белград, Марија Шерифовиќ. Таа на својот профил на Твитер го најави својот настап, воедно и промоција на нејзината нова песна која ќе го носи насловот „Ја волим свој грех“ и која е прва нејзина песна по пауза од приближно 5 години.

„По нешто помалку од 5 години… премиерно нова песна ’Ја волим свој грех’ во финалето на X Factor Adria. Едвај чекам!“ – напишала пејачката на својот профил на Твитер.

Во супер финалето на 23-ти март за победа ќе се борат преостанатите 5 кандидати Даниел Кајмакоски, Маид Хеќимовиќ, Лукијан Ивановиќ, Тамара Милановиќ и групата Доктори. Покрај Шерифовиќ, сè уште не е познато кој друг ќе гостува во големото финале. Од самиот почеток се најавува гостување на светска ѕвезда, а според дел од српските медиуми би можело да станува збор за поранешната членка на триото Дестинис Чајлд, познатата пејачка Кели Роланд, но точните информации би требало да бидат објавени наскоро.



Врати се горе ↑