15 ноември, 2012

Марија Шерифовиќ ја препеа „Тhe Show Must Go On“

На официјалниот канал на српската пејачка Марија Шерифовиќ на сервисот ЈуТјуб вчера осамна снимка со наслов „The Show Must Go On“, каде што можеме да ја видиме пејачката со својот бенд како ја изведува оваа песна од легендарниот бенд Квин (Queen). Во продолжение слушнете ја одличната изведбата на големиот хит, препеан со моќниот вокал на Шерифовиќ, кој всушност е подарок за нејзините фанови, бидејќи вчера го прослави нејзиниот 28-ми роденден, а најавила уште неколку преработки на нејзините омилени хитови.

Инаку, Марија на нејзината официјална веб страница го најави новиот проект кој ќе биде претставен во 2013 година.



Врати се горе ↑