Македонија 417817_10201051523669149_1514292838_n

14 јуни, 2013

Марија од Паркети најави соло албум

Единствената девојка во битолскиот состав Паркети, Марија Паркет најави соло албум на англиски јазик, пренесува МКД.мк. Таа започнала да работи на новиот материјал минатата година, а на албумот насловен „You’re Here“ ќе се најдат 11 композиции отпеани на англиски јазик, чиј комплетен автор е самата Марија.

„Ќе настапувам под псевдонимот Плава, а промоцијата на албумот е предвидена за почетокот на есента, со настапи во живо низ Македонија“ – изјави Марија. Првиот сингл кој го најавува новото издание е „Like a Fool“, а како звучи можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑