Промоции 1170762_423015257815688_108433381_n

12 август, 2013

Марија од Паркети го промовира првиот соло албум

Единствената девојка во битолскиот состав Паркети, Марија Паркет го најави првиот соло албум на англиски јазик со песната „Like a Fool“. Таа започнала да работи на новиот материјал минатата година, а на албумот насловен „You’re Here“ ќе се најдат 11 композиции отпеани на англиски јазик, чиј комплетен автор е самата Марија.

Како самостоен изведувач, Марија настапува под псевдонимот Плава. Нејзиното првенче ќе ја доживее својата промоција на 14-ти август (среда) со почеток од 21 часот во Магаза и плоштад Магнолија во родната Битола, а настанот кој е во рамките на фестивалот БитФест е со слободен влез.

 

 



Врати се горе ↑