Македонија

29 мај, 2019

Марија од „Ај кју“ го продава евровизискиот костим за пет илјади долари

Костимот кој Марија од „Ај кју“ го носеше на минатогодишната „Евровизија“ во Лисабон, сега е во продажба по цена од пет илјади долари. Имено, бендот сподели фотографија и линк до „и-беј“ (ebay), каде што заинтересираните купувачи можат да го разгледаат костимот и да го набават со дополнителни 127 долари за достава.

Иако не успеаја да влезат во финалето, „Ај кју“ лани ја добија наградата „Барбара Декс“ за најлошо облечени на фестивалот, благодарение токму на оваа креација.

Без оглед на сè, „Lost & Found“ остана доста слушана меѓу евровизиските обожаватели, кои со „Ај кју“ имаа можност да се дружат и на годинашните евровизиски забави ширум Европа и во Австралија, каде што групата го промовираше и новиот сингл „Dancin’“, а како изгледаше нивниот настап лани во Лисабон, потсетете се во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑