Македонија 1454590_701278779885164_1082072468_n

13 ноември, 2013

Марија Ичкова вистинско освежување на X Factor

Синоќа се емитуваше третата епизода од регионалното издание на најпопуларниот музички натпревар X Factor, а од најголемото освежување од кандидатите беше нашата Марија Ичкова, која и самата вели дека на ваквите аудиции најчесто се пеат песни од Витни Хјустон, Бијонсе или Ријана, па настап како нејзиниот навистина беше потребен за да се разбие монотонијата. 15-годишната средношколка од Богданци има и свој бенд со кој настапува во родното Богданци и Стојаково, а омилен бенд и е Лед Цепелин. Токму со изведбата на нивната песна „Whole Lotta Love“ Марија ги воодушеви сите присутни во салата, а секако и четиричленото жири кое имаше само пофални зборови и со четири потврдни одговори ја испрати во следната фаза од натпреварот.

Помеѓу кандидатите од синоќа се најде и Соња Бакиќ од Србија, која ја паметиме од „Операција Триумф“, но со нејзиниот нов изглед тешко можевме да ја препознаеме. Дел од натпреварувачите беа и Маринела Џогани и Маја Новаковиќ, која е ќерка на починатиот пејач Луис. Доколку ја пропуштивте синоќешната трета епизода, истата можете да ја погледнете во продолжение, започнувајќи секако со нашата Марија Ичкова.

 



Врати се горе ↑