Аудио

15 март, 2019

Марија Ичкова продолжува со „Пак да те допирам“

По само неколку месеци откако нè почести со нејзиниот „Сладок отров“, талентираната богданчанка Марија Ичкова деновиве ја претстави својата нова песна насловена „Пак да те допирам“, за која повторно соработуваше со Бојан Трајковски (Ај кју), чиј потпис стои и на макфестовската „Одговори ми“ (2017).

„Со нетрпение чекав Марија Ичкова да ја испее оваа песна. Уште пред да се случи тоа знаев дека ќе биде полн погодок и дека ќе има огромен придонес да песната прозвучи толку конкретно и автентично. Марија ја има таа тајна состојка во гласот и е навистина пријатна за слушање. Драго ми е што веќе работиме на нови песни кои за скоро време ќе ја видат светлината на денот“, рече Бојан за соработката со младата пејачка што се прослави со учеството на првиот регионален „Х фактор.

„Можам да кажам дека најинтересно во овој период ми беше што после снимањето на песната постојано ми се вртеше во глава со денови. Обично тоа ми се случува со песни од други пејачи, а овој пат беше забавно тоа да биде мојот глас (се смее). Многу ме исполнува темпото на работа кое е интензивно, но не е напорно, и кога ќе се добијат реакциите од публиката и поддршката од медиумите, сè си добива смисла. За мене пролетта е дојдена, се надевам дека ја будам и кај вас“, додаде распеаната докторка, а како звучи нејзината „Пак да те допирам“ дознајте во продожение. Уживајте!



Врати се горе ↑