Аудио

8 декември, 2018

Марија Ичкова има „Сладок отров“

„Сладок отров“ е насловот на новата песна на Марија Ичкова, чиј комплетен автор е Бојан Трајковски од „Ај кју“. Талентираната богданчанка, која македонската публика ја запозна преку учеството во првата сезона од регионалниот „Х фактор, соработката со Бојан ја започна минатата година, кога на Макфест 2017 настапи со темата „Одговори ми“, потпишана токму од Трајковски и Кристина Арнаудова.

„Со Бојан се најдовме на иста фрекфенција и соработката навистина добро ни оди. Тој знае што сакам јас, јас знам што сака тој и она што го добиваме како производ е навистина одлично. Соработката продолжува и понатаму и ветувам дека наскоро ќе бидам повеќе присутна на музичката сцена“, изјави Ичкова, а како звучи нејзиниот „Сладок отров“ дознајте во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑