Аудио марија

24 март, 2017

Марија Груевска има „Срце како мраз“

Марија Груевска, која македонската публика ја запозна со учествата во музичките емисии како што се „Сите наши песни“, „На иста адреса“, „Х фактор“ и „Кастинг талент шоу“, ја претстави својата нова песна. Станува збор за темата насловена „Срце како мраз“, чија музика ја потпишува колешката Тамара Тодевска, текстот е на Ксенија Николова, а сето тоа го аранжираше и продукциски го спакува Роберт Билбилов, додека вокалното засилување како придружен вокал доаѓа од Нина Јанева.

17342530_1493283830690901_6874367684889848490_n

„Секоја нова пејачка, која ќе има чест да добие композиција создадена од, (музика: прекрасната Тамара Брана Велкова, текст: маестралната Ксенија Николова и аранжман: Маестро Роберт Билбилов) треба да знае дека добила неверојатно возвишена награда, но воедно и презела сериозна обврска не само со исполнувањето на композицијата, туку и преку целиот нејзин понатамошен ангажман и делување, ДОСТОЈНО да ја оправдува таа чест и доверба. Ако речам БЛАГОДАРАМ на гореспоемантите автори на композицијата ќе биде премалку за возврат. Затоа се обврзувам со секој свој понатамошен чекор на музички план на нашава Македонска естрада, да ја оправдам нивната доверба, која претставува силен поттик да се биде и остане достоинствена до крај. Ми отворивте НОВА ВРАТА и ми покажавте нови видици… Ви благодарам… иако повторувам нема да останам само на БЛАГОДАРНОСТА“, напиша талентираната битолчанка на својот профил на Фејсбук. 

За новата песна на Марија, која сигурни сме дека ќе стане хит, наскоро се очекува да добие и своја екранизација, а дотогаш слушнете како звучи нејзиното „Срце како мраз“. Уживајте!

 



Врати се горе ↑