Аудио

23 август, 2016

Марга Сол и Даниел Данн ги здружија силите за „Sunshine“

„Sunshine“ е насловот на заедничкиот сингл на познатата продуцентка, композиторка и диџејка Марга Сол и пејачот Даниел Данн. Маргарита Сотировска, односно Марга Сол, се потпишува како комплетен автор на оваа интересна соработка, која е опишана како „модерна, урбана танцувачка мелодиија, проследена со прекрасниот вокал на македонскиот млад пејач Даниел Данн и со придружниот вокал на Марга Сол“.

Покрај оригиналниот микс, „Sunshine“ има и ремикс издание од познатиот артист Проџект Блу Сан, а најавена е и македонска верзија заедно со официјален видео запис. Синглот е веќе во продажба во М-Сол рекордс, онлајн дигитална музичката продавница, веќе од утре, 24 август, ексклузивно ќе се појави на Ајтјунс, а во септември и низ сите музички онлајн-продавници во светот.



Врати се горе ↑