Настани Marcelo 2

16 февруари, 2014

Марчело и Исказ во Скопје на 1-ви март во клуб Хавана

Еден од највлијателните балкански рапери,  мултиталентиранот уметник Марко Шелиќ, попознат како Марчело, после 3 години повторно во Скопје. На овој концертен настап покрај со неговите добро познати Филтери ќе настапува и заедно со Исказ, а домашна поддршка ќе биде свежиот скопски хип-хоп состав ЗАД АГОЛОТ. Средбата со скопската публика е закажана за 1-ви март во клубот Хавана со почеток во 23 часот.

Освен песните настанати од пред десетина години, а кои фановите одлично ги знаат, Марчело за прв пат пред скопската публика во живо ќе ги изведе и некои од песните од неговиот албум „Напет шоу“ кој се очекува да излезе на пролет. Албумот беше најавен со сингловите „Пегла“ и „Лага“ кои на Марчеловиот службен YouTube канал во само 2 месеци, имаат повеќе од милион прегледи, и веќе се пеат од страна на публиката на неговите настапи ширум регионот. Деновиве стигна и ремикс верзијата на темата „Костим“ која можете да ја видите и слушнете во продолжение.

 

Во последниот негов настап во Скопје во 2011 година во клубот Хавана, Марчело го одушеви полниот клуб, а со многуте стари и нови хитови и неговиот извонреден бенд не се сомневаме дека ќе го направи тоа повторно, а преполниот лански самостоен концерт на ЗАД АГОЛОТ во МКЦ е само уште една од причините навреме да ги набавите вашите влезници, особено поради ограничениот капацитет на клубот Хавана.

Влезници во Кастм Паб и Љубов по претпродажна цена од 200мкд. На врата: 300мкд.
Влезот се отвара во 22.30 часот.




Врати се горе ↑