10 септември, 2014

Марчело го објави ЕП изданието „Напет шоу: Загревање“ и видео записот за „Компликовани“

Расте напнатоста до објавувањето на книго-албумот „Напнато шоу (Напет шоу)“, па Maрко Шелиќ – Марчело одлучи да им ги „скрати маките“ на своите верни фанови со тоа што на 8 септември го објави ЕП изданието „Напет шоу: Загревање“, кое е достапно за преслушување на музичкиот сервис „Deezer“. Ова ЕП издание е сочинето од песните со кои е најавен самиот албум, а тоа се : „Чеп“„Лаж“„Пегла“„20 000“, потоа ,,Kостим”, идејниот и звучен двигател на новиот албум, но и нумерата која публиката немала можност да ја слушне досега, песната „Компликовани“.

„’Компликовани’ е последното што го пуштаме како најава за книго-албумот, и за крај одлучивме да донесеме нешто сосема поинакво од претпоставениот штимунг на албумот. ’Напет шоу’ е мрачен, а тоа би можело да се каже и за сите претходни (па и идни) албуми, но секој од нив содржеше и по некоја песна со која таа атмосфера, барем на кратко, се разбива. Ако целата плоча би припаѓала на ангажираното творештво, не би можела да дише – секогаш е потребно да се види дека позади сето тоа стои личност, а не андроид програмиран само да детектира друштвени проблеми“, истакнува Шелиќ.

Во продукција на „Корак филма“, снимен е и видео запис за песната „Компликовани“, кој премиерно беше прикажан во понеделникот на регионалниот канал MTV, а на официјалниот канал на ЈуТјуб  до сега го прегледале повеќе од 20 000 луѓе. Како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе.

Само за потсетување: „Напет шоу“ како книго-албум (книга со диск) ќе биде официјално објавен на 1 октомври во издание на „Лагуна“. Покрај текстовите на сите песни, ќе содржи и фотографии од работата на албумот и книгата, како и авторски текстови кои ќе ја прошират сликата за песните и ќе дискутираат на тема „напнато шоу“. Покрај Марко Шелиќ, автори на текстовите во книгата се и режисерот Кокан Младеновиќ, писателите Давид Албахари, Михајло Пантиќ и Павле Зелиќ, афористичарот Далибор Ѓорѓевиќ, рок енциклопедијата Петар Јањатовиќ, колумнистот Дража Петровиќ, мировниот работник Милан Цолиќ, психологот и психотерапевт Владан Беара и координаторката на организацијата АСТРА, Елена Крсмановиќ.

 

Фотографија: Ана В. Даниловиќ



Врати се горе ↑