Свет mc-mc

2 декември, 2014

Мараја Кери сака да Ви каже нешто…

Како што е познато, кралицата на божиќните изданија е Мараја Кери, а нејзиниот албум „Merry Christmas“ од 1994 година до сега е продаден во преку 15 милиони примероци со што се здоби со титулата „најпродаваното празнично издание“. По повод јубилејот од 20 години од објавувањето на албумот, пејачката им се обрати на фановите преку аудио порака на сервисот „Саундклауд“.

„Ви благодарам на сите! Ги гледам сите ваши честитки и пораки, ја чувствувам вашата љубов и ме правите уште посреќна во ова мое омилено време од годината“, вели пејачката, најавувајќи серија (веќе распродадени) празнични настапи, а бројни медиуми веќе шпекулираат дека оваа порака може да значи дека албумот годинава ќе добие и нова „јубилејна“ верзија.

 

Во продолжение уживајте со нејзиниот најпознат божиќен хит „All I Want For Christmas Is You“.

 



Врати се горе ↑