Видео

13 март, 2019

Мараја Кери приреди забава во метрото во новото видео за „A No No“

Легендарната дива Мараја Кери триумфално се врати на сцената со минатогодишниот, 15. по ред студиски албум „Caution“, кој критиката го опиша како „најдобриот досега“, а освен со тековната истоимена турнеја низ светот, 48-годишната ѕвезда материјалот го поддржува и со екранизации на сингловите.

View this post on Instagram

#ANoNo

A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey) on

Најновиот во низата е насловен „A No No“, во чие видео се појавуваат и нејзините деца Монро и Морокан, забавувајќи се и танцувајќи во метрото, а самата пејачка делува како времето да застанало за неа и изгледа сè подобро и подобро!

 

Како што споменавме, светската турнеја „Caution“ е веќе во тек, периодов со концертите во Северна Америка, а веќе во мај се сели на стариот континент, каде што се закажани 11 концерти низ Западна Европа.



Врати се горе ↑