Свет Mariah-Carey

2 март, 2013

Мараја Кери најавува балади за новиот албум

Неодамна ја претстави песната „Almost Home“, која ќе се најде на саундтракот за новиот Дизни филм „Oz: The Great and Powerful“, но тоа не е сè. Мараја Кери интензивно го подготвува и нејзиниот нов албум, на кој ќе се најдат повеќе балади. За новото издание како соработници ги наведе Хит Бој и Д Дрим (кој работи и на новиот албум на Бијонсе), како и нејзиниот пријател Џермејн Дупри. Таа изјавила: „Сакам на фановите да им се допадне новиот материјал. И ќе има многу повеќе балади.“

Новото издание, кое ќе биде нејзин четиринаесетти студиски албум, беше најавено минатото лето со песната „Triumphant (Get’em)“ во соработка со Рик Рос и Мик Мил, а албумот беше закажан за март годинава. Меѓутоа, таа беше ангажирана за улога во филмот „The Butler“, вистинска приказна за батлер кој работел во Белата куќа, а покрај Кери, другите улоги ги играат и Форест Витакер, Опра Винфри, Џејн Фонда, Робин Вилијамс и други, а во дванаесеттата сезона од Американскиот Идол повторно има улога на жири.

Извор: Idolator/Wikipedia

 



Врати се горе ↑