Аудио

23 октомври, 2018

Мараја Кери најави светска турнеја

„Caution“ е насловот на новиот, 15. по ред студиски албум на Мараја Кери, чиј материјал ќе биде промовиран и во рамките на истоимената светска турнеја што ќе започне во февруари следната година. Изданието најавено со темите „GTFO“ и „With You“ ќе пристигне на 16 ноември, a во меѓувреме беше претставена и соработката со колегата Тај Дола Сајн насловена „The Distance“.

 

Пред почетокот на светската турнеја, за која засега се закажани само концертите за Северна Америка, 48-годишната дива периодов настапува и низ Азија, а во декември ќе има и куса божиќна турнеја низ Западна Европа. Допрва се очекуваат и датуми за европскиот дел од светската турнеја, па се надеваме дека ќе биде закажан и некој концерт во нашиот дел од стариот континент.

https://www.instagram.com/p/BpPOptTnoE6/?taken-by=mariahcarey



Врати се горе ↑