Свет Mariah-Carey

3 јануари, 2014

Мараја Кери најави нов сингл за 14-ти февруари

Една од најуспешните пејачки во музичката историја, Мараја Кери минатата година го најави нејзиниот четиринаесетти студиски албум, кој ќе го наследи празничното издание „Merry Christmas II You“ од 2010 година, а како прв сингл беше претставена соработката со Мигел –  „#Beautiful“која доби и  ремикс издание, како и верзија на шпански јазик. Вториот сингл од изданието „The Art Of Letting Go“ беше истоимената балада објавена во ноември минатата година, а во новогодишната емисија на Карсон Дејли пејачката најави дека третиот сингл ќе го претстави на 14-ти февруари, денот на вљубените – Св. Валентин (или Св. Трифун кај нас) и дека албумот ќе пристигне на пролет. Настапот и најавата од празничната емисија можете да ги погледнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑