Свет large

14 април, 2015

Мараја Кери најави нов сингл и компилација со најголемите хитови

Како што Ви пренесовме неодамна, Мараја Кери потпиша договор со „Епик рекордс“, обновувајќи ја соработката со првиот човек на оваа позната издавачка куќа – Антонио „Ел-еј“ Рид. По не толку успешниот албум „Me. I Am Mariah… The Elusive Chanteuse“објавен минатата година за „Деф џем рекордингс“, пејачката реши веднаш да се фрли на работа, така што на 27 април можеме да го очекуваме нејзиниот нов сингл „Infinity“, кој ќе пристигне заедно со видео запис во режија на Брет Ратнер.

Песната воедно е и најава за компилацијата „#1 to Infinity“, на која ќе се најдат 18 хитови коишто го освоиле врвот на Билбордовата листа, што е најголемиот број за еден соло изведувач во историјата на оваа листа. „#1 to Infinity“ ќе излезе на 18 мај, а комплетниот список со песни Ве очекува во продолжение.

1. “Vision of Love” (1990)
2. “Love Takes Time” (1990)
3. “Someday” (MTV Unplugged version) (1991)
4. “I Don’t Wanna Cry” (1991)
5. “Emotions” (1991)
6. “I’ll Be There” (featuring Trey Lorenz) (1992)
7. “Dreamlover” (1993)
8. “Hero” (1993)
9. “Fantasy” (Bad Boy Fantasy version) (1995)
10. “One Sweet Day” (featuring Boyz II Men) (1995-1996)
11. “Always Be My Baby” (1996)
12. “Honey” (1997)
13. “My All” (1998)
14. “Heartbreaker” (featuring Jay-Z) (1999)
15. “Thank God I Found You” (featuring Joe & 98 Degrees) (2000)
16. “We Belong Together” (2005)
17. “Don’t Forget About Us” (2005)
18. “Touch My Body” (2008)
19. “Infinity” (2015)

 



Врати се горе ↑