Аудио 1383390_10151951149602766_2039715166_n

13 ноември, 2013

Мараја Кери ја претстави „The Art Of Letting Go“

Американската пејачка Мараја Кери деновиве ја објави својата нова песна насловена „The Art Of Letting Go“, која би требало да се најде на нејзиниот претстоен истоимен студиски албум, чие објавување се очекува следната година. Пред овој сингл, Мараја ја објави песната „Beautiful“, во која гостува Мигел, а оваа нова тема беше најавена како втор сингл од новото издание.

Станува збор за балада во класичниот стил на Мараја Кери, во која како и секогаш до изрз доаѓа нејзиното емотивно пеење и феноменалните гласовни способности. Песната е побавна, без драматични моменти, а мислењата на музичката јавност во врска со квалитетот на истата се поделени. Како звучи новата песна можете да слушнете во продолжение.

 

Последниот албум насловен „Merry Christmas II You“, кој содржи празнични песни, Кери го објави на 1-ви ноември 2010 година, а се искачи на четвртото место на Billboard 200 листата, на првото место на американската R&B/Hip-Hop листа на албуми, како и американската листа на празнични албуми. Во нејзината 25-годишна кариера има објавено 10 студиски албуми, 1 албум во живо и 4 компилации. Со продадени преку 200 милиони албуми ширум светот, таа спаѓа во најпродаваните изведувачи на сите времиња, а каналот VH1 во 2012 година ја смести на втората позиција на листата „100 Greatest Women in Music“. Нејзиниот сингл „One Sweet Day“, кој го сними со американската група Бојз Ту Мен, 16 недели со ред стоеше на врвот на билбордовата Hot 100 листа помеѓу 1995 и 1996 година, што и до денеска е единствената песна која најдолго била на ова место.

 



Врати се горе ↑