16 декември, 2017

Мараја Кери го екранизираше својот „Мал снешко“

Речиси незамисливо е во текот на празничната сезона барем еднаш да не ја слушнеме веќе класичната „All I Want For Christmas Is You“, а Мараја Кери годинава си го зацврсти статусот на кралица на празниците со тоа што песната ја претвори во анимиран филм, сето тоа во придружба на саундтрак, на кој се најде и сосема новата тема „Lil’ Snowman“.

Веселата песна, која има ретро призвук, потсетувајќи на хитовите од „Мотаун“, неодамна доби и официјално видео, но пејачката не е присутна во него. Наместо тоа, забавата ја прават група разиграни дечиња, а сето тоа кулминира со посетата на најочекуваниот гостин – Дедо Мраз.

Освен со „Малиот снешко“, дивата периодов е актуелна и со насловната тема од божиќниот анимиран филм „Ѕвездата“, за што доби и номинација за златен глобус, а дали ќе успее да ја победи конкуренцијата ќе дознаеме на 7 јануари.



Врати се горе ↑