Видео

13 октомври, 2018

Мараја Кери го екранизираше новиот сингл „With You“

Откако премиерно го изведе во живо на неодамнешното доделување на американските музички награди, Мараја Кери го претстави и видеото за својот нов сингл „With You“, кој воедно е и најава за нејзиниот 15. по ред, студиски албум. Како што можеше да се претпостави и од самата обвивка на синглот, оваа ар-ен-би балада си доби црно-бела визуализација, прикажувајќи ја поп-дивата во можеби најдоброто светло досега.

Како изгледа сето тоа погледнете во продолжение, а веднаш потоа уживајте и со изведбата во живо на американските музички награди, чие доделување се одржа во понеделникот.

 



Врати се горе ↑