Свет mc

29 декември, 2014

Мараја Кери е шефица од пеколот

Поранешната лична асистентка ја тужи Мараја Кери бидејќи не ѝ плаќала за прекувремената работа. Имено, Илсер Оливер (Ylser Oliver) тврди дека познатата ѕвезда ја терала да работи и по 16 часа дневно, шест, а понекогаш и седум дена во неделата, без да ѝ плати ни минута за прекувременото работно време. Таа тврди дека за време на работата кај пејачката немала дури ни пауза за оброк.

Оливер била задолжена за нејзината куќа, повиците, ја пакувала за патувања, се грижела за нејзините пријатели и семејството, одела со неа на работни патувања и била тука за сите потреби на пејачката.

Извор: mtv

 



Врати се горе ↑