Настани 36dd3614-8925-4e50-b594-69bb943acd23

13 јули, 2015

Ману Чао го сруши рекордот на „Егзит“!

Ману Чао Ла Вентура ги засени сите досегашни изведувачи на главната сцена на „Егзит“ и го сруши рекордот по бројот на посетители во еден ден. На Петроварадинската тврдина се пееше и играше до 8 наутро, а влезниците беа распродадени нешто по полноќ. За неверојатната вечер најмногу придонесе едно од најдобрите програмски изданија во историјата на „Егзит“, предводено од беспрекорниот настап на Ману Чао.

Главната бина ја отвори загребската кант авторка Сара Ренар, по што на сцената се појави славниот џезер Душко Гојковиќ, придружен од Биг бендот на РТС. Тоа беше прекрасна увертира за соулменот Џон Њумен.

По одличниот настап на Џон Њумен, дојде време за најпосетениот концерт на сите времења на фестивалот „Егзит“ – еден од најважните гласови во светската музика, Ману Чао, којшто ја разнесе главната сцена со настап за паметење. Реакциите на публиката на Ману Чао Ла Вентура беа толку гласни, што пеењето се слушаше и во горниот град во Нови Сад, од каде што се слеваа илјадници луѓе за на главната сцена да ги чујат омилените хитови од Ману Чао и да ја сведочат општата 2-часовна еуфорија. 

Дополнително, светски познатата „Денс арена“ беше преполна кога на сцената се појави еден од најпопуларните диџеи во моментов – Мартин Гарикс. 19-годишниот Холанѓанец воодушеви со своите заразни битови, а интересно е дека на фестивалот пристигна со приватен авион, во кој беа и неговата малолетна девојка и нејзиниот татко. Гарикс не го криеше своето воодушевување и за време на настапот на Егзит му го честиташе 15. роденден, со отворен восхит од прочуената глетка на „Денс арената“.

Неверојатната енергија на „Икс-бас“ програмата во саботата вечер ја предводеа Хана Вотс и Хадсон Мохок, додека „Фјужн стејџот“ ги пречека „Хај 5“, „Канда Коџа и Небојша“ и „Фод“. Пред преполната „Експлозив сцена“ настапија легендите „Нуклиар асолт“, додека апсолутни ѕвезди на „Фјучр шок“ сцената беа инди шмекерите од Риека, „Џонатан“.



Врати се горе ↑