Македонија mea

24 февруари, 2016

Манифестација „Златна мравка“: Се избираат најуспешните Aлбанци од Македонија

Спортот, културата и уметноста се само дел од категориите на „Милингона е арт“ преку кои се номинирани поединци или група на творци кои интензивно работеле во 2015 година. Од вкупно девет категории, сумирани се околу 40 номинации.  Манифестацијата „Милингона е арт“ се организира веќе четири години по ред, со една единствена цел да ги евидентира и да го награди придонесот на сите оние творци кои активно работеле, донеле новости, и се истакнале во годината која ја оставаме зад нас.

Целосниот список на номинирани и нивните биографии со достигнувањата може да се најде на следниот линк: www.milingona.org.

По завршувањето на гласањето од публиката, кој беше отворен до 21 февруари 2016 и гласањето на стручното жири, на 28 февруари на свечена церемонија ќе бидат доделени наградите за секоја категорија поединечно. Организаторот „Милингона е арт” како и секоја година ќе додели и почесни награди, а меѓу добитниците на наградата за животно дело се  Ремзи Несими, професор по албански јазик во пензија, истакнат научник, чии книги сé уште се користат за изучување на албанската граматика; рок групата „Телекс“, која во 80-те важеше за една од најинтересните групи, а познатиот музичар Златко Ориѓански оваа година го добива Признанието за промоција на албанските вредности, кое се доделува на лице неалбанец/ка. Ова признание му се доделува за соработката и градењето на мостови меѓу културите.

Повеќе во прилогот на „Нова“.

Извор: Novatv.mk

Фотографија: Фејсбук



Врати се горе ↑