За Вас tlm

22 ноември, 2014

„Малата сирена“ наполни 25 години

Пред точно 25 години беше премиерно прикажан анимираниот филм „Малата сирена“, а од тогаш па сè до денес нема дете кое не посакало да ѕирне во морето… Овој филм во продукција на компанијата „Дизни“, е снимен врз основа на истоимената бајка од Ханс Кристијан Андерсен, а ја следи приказната за принцезата Ариел која сонува да стане човек. Благодарение на композиторите Алан Менкен и Хауарн Ешмен, кои за одличната работа во 1989 година беа наградени и со Оскар и Златен глобус, „Малата сирена“ е еден од омилените анимирани филмови на повеќе генерации, особено со музичките класици како што се темите „Under The Sea“, „Kiss The Girl“, „Poor Unfortunate Souls“ и секако „Part Of Your World“.

Во чест на годишнината од филмот, во продолжение потсетете се како звучеа најголемите хитови отпеани од Џоди Бенсон (Ариел), Семјуел И. Рајт (ракот Себастијан) и Пет Керол (Урсула).



Врати се горе ↑