Видео

11 август, 2018

„Mala mia“ е новиот хит на Малума

Колумбискиот шармер Малума го продолжува успешниот поход за освојување на светот, па откако се проби на интернационалната сцена, благодарение особено на трите одлични соработки со колешката Шакира („Chantaje“, „Trap“ и актуелната „Clandestino“), на ред дојде неговиот нов соло-сингл насловен „Mala mia“.

Песната веројатно ќе се најде на неговиот нов албум, кој би требало да содржи повеќе теми на англиски јазик, што сигурно ќе им се допадне на неговите сè побројни обожаватели ширум светот. „Не би сакал да го оставам мојот шпански или латино-свет, но сакам да се развивам и во овој американски свет. А за да го постигнам тоа, мора да го направам на англиски јазик, инаку нема да ме разберат што сакам да кажам“, открил тој за американските медиуми.

„Mala mia“ стигна во комплет со видео, во кое друштво му прават голем број модели, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑