Настани Max Lanfranconi

5 јуни, 2013

Макс Ланфранкони од Етника – Скопјанец на една седмица

Веќе најавеното второ издание на SUN and FUN фестивалот почнува да бие со забрзан ритам помеѓу љубителите на урбаниот звук. За фестивалот кој оваа година ќе се одржи на Скопското лизгалиште, на две концептуално различни сцени организаторот – Продукција Сонце најавува ултра заинтересираност како од публиката така и од изведувачите.

„На барање на Макс од составот Етника, започнавме да бараме идеално сместување во кое тој сака да остане десетина дена, да се забавува и да го почувствува градот. Макс спомена дека сака да види и некои делови од Македонија за кои читал на Интернет но најпрво сака да јаде ќебапи и да испие кригла ладно пиво. Сите ние сме изненадени од тоа колку народен човек е и токму затоа со душа чекаме да бидеме негови домаќини барем на една седмица’’ – вели Даре од Сонце.

Програмата на овој фестивал чија цел е да се продолжи серијата на урбани журки започнува  со холандскиот супер стар диџеј  MARCO V, човекот кој пак своето доаѓање во Македонија го најави со приватен авион. Покрај Марко на фестивалот ќе настапат и  татковците на психоделичниот транс, пионерите  ETNICA и PLEADIANS.

На главната сцена ќе ги видиме:
MARCO V
Babura
Bobi
Dare

За љубителите на транс звукот, програмата е следна:
ETNICA – Live
PLEIADIANS – Live
YUDHISTHIRA Live
SoundKillah
DejanDogy

Потсетување: Сабота 8-ми јуни е денот, локација Скопско лизгалиште со почеток во 23:00 часот!!! Влезници во претпродажба по супер промотивна цена во ЈУГОТОН, OFFICE PLUS (Рамстор, Сити мол, ГТЦ, Paloma Bianca), Цвеќара Розе Веро 2, Камарад во Рамстор, Кафе Круг – Аеродром и во ОНЕ салоните ширум републиката. Од 01-08 јуни цената на билетите изнесува 250 денари.

 



Врати се горе ↑