Концерт 1937217_1243179982375886_9048133987023075209_n

4 јануари, 2016

Макфестовски рефрени на Василичарскиот концерт на МОБ

Mакедонската опера и балет ја продолжува традицијата со Василичарскиот концерт, па така на 12 и 13 јануари со почеток во 20.00 часот, за првпат во Македонската опера и балет ќе се одржи „МАКФЕСТ ЗА ВАСИЛИЦА“! Со настап во живо, во гала концертна варијанта, 68 музичари, 12 рок-поп пејачи и еден диригент низ 15 рефрени ќе го пренесат најдоброто од 25 години „Макфест“.

Оваа година направен е избор од најслушаните рефрени испеани на познатиот штипски фестивал, а публиката ќе има можност да ужива во популарните: „Кога те нема“, „Свирете ја зајди, зајди“, „Еден бакнеж и магија се стори“, „Кој да ти каже Ивана“, „Ангели ме носат“ и многу други.

Ќе ги исполнат најпопуларните ѕвезди од македонската естрада: Тамара Тодевска, Тијана Дапчевиќ, Елена Ристеска, Сара Мејс, Александар Тарабунов, Елена Петреска, Александар Белов, Нина Јанева, Лидија Кочовска, Димитар Андоновски, Јоце Панов и Вејчеслав Поповски, а ќе ги придружува Оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Билетите за двата концерта се со цена од 800/1000/1200 денари и сe во пуштени за продажба на билетарницата на МОБ и online на www.mob.com.mk.

 

Минатогодишното издание, „Најдоброто од најдобрите“, беше посветено на најдобрите филмски хитови, а истото можете да го погледнете овде.



Врати се горе ↑