Македонија

3 април, 2019

Макфестовската „Мерак песна“ меѓу најголемите хитови на Бисера Велетанлиќ

Двете најголеми дискографски куќи во регионот – „Југотон Кроација Рекордс“ и ПГП РТС – објавија компакт-диск на легендарната Бисера Велетанлиќ, на кое се наоѓаат 20 нејзини песни од богата музичка кариера. Меѓу најголемите бисери на Бисера е и макфестовската „Да си мерак песна“, која познатата пејачка ја отпеа на фестивалот во Штип 1988 година. Освен незаборавните хитови, некои од песните за првпат се објавени на дигитален носач на звук: „Се смеам без смисол“, „Уште една шанса“, „Утро ќе смени сè“…

 

Бисера Велетанлиќ ја красат волшебен и раскошен глас, громогласни аплаузи, посебен шарм и харизма… Таа е бисерен глас на екс-југословенската забавна музика. Музичката кариера ја започна во 1960 година во емисијата „Микрофонот е Ваш“, а три години подоцна со сестра ѝ Сенка настапи во дует на телевизија Загреб. Се редеа фестивалите: „Опатија“, „Вашиот шлагер на сезоната“, „Белградска пролет“, „Загреб-фест“, „Сплит“, „МЕСАМ“… Освојуваше први награди, и најчесто награди за интерпретација. Победуваше и на фестивалите во Австрија, каде настапуваше со Виенскиот Биг-бенд, па дури и во Луксембург… Пееше во американските клубови во Германија, и ја одби поканата од Сара Вон, да дојде и да пее во Америка.

 

Нејзината кариера, освен макфестовската „Мерак песна“ (која пред неколку години, во ново руво, дело на внукот на Бисера – Васил Хаџиманов, ја отпеа Кристина Арнаудова), се и „Златен ден“, „Мило мое“, „Не плачи“, „Ручек за двајца“... Во време на најголемата популарност, во 70-те глумеше во култната серија „Грлом у јагоде“, како и во филмот „Сјај у очима“.

Живее во Белград и го има статусот на истакнат уметник.

"Мерак песна" на Бисера меѓу најголемите нејзини хитовиДвете најголеми дискографски куќи во регионот – Југотон…

Gepostet von Croatia Records Makedonija am Dienstag, 2. April 2019



Врати се горе ↑