Аудио 1901801_829717530375327_7415609944954498619_n

19 јуни, 2014

Макфестовската „Како да заборавам“ ја доби својата ремикс верзија

Макфестовската балада „Како да заборавам“ на најдобрата дебитантка на „Макфест 2014“, Симона Попоска, чии автори се Кирил Зарлинов (музика), Магдалена Цветкоска (текст) и Зоран Алексиќ (аранжман), деновиве доби и своја ремикс верзија. Како на самата песна, така и на ремиксот автор е Зарлинов (Ерик Фокс), кој вели дека оваа ремикс верзија е посветена на сите фанови на The Sound Messengers. Дабстеп верзијата на „Како да заборавам“ која можете да ја слушнете (и бесплатно да ја симнете од сервисот Soundcloud) во продолжение, веќе од денеска ќе ја слушате и во радискиот етер, а од викендов и по ноќните клубови низ државата. Уживајте!



Врати се горе ↑