Македонија makfest

23 март, 2016

„Макфест“ го враќа меѓународниот концепт

По 17 години, на „Макфест“ ќе може да победи странски изведувач откако уметничкиот директор Љупчо Мирковски одлучи да го врати меѓународниот концепт на фестивалот. Според новите пропозиции, кај учесниците од Европа и од регионот нема да има ограничувања за јазикот на кој ќе се интерпретира нумерата, а тоа значи дека годинава на штипскиот фестивал не е исклучена можноста да триумфира композиција која нема да биде отпеана на македонски јазик.

Засега има потврдени настапи на изведувачи од Шведска, Австрија, Словенија, Норвешка и Германија, а од македонските имиња, меѓу другите, ќе ги видиме и Нина Јанева, Викторија Лоба, Џина Папас – Џокси, Сара Мејс и Ѓоко Танески. И овој пат за вредните награди ќе се натпреваруваат вкупно 30 изведувачи, кои на сцената во Домот на културата „Ацо Шопов“ ќе бидат придружувани од Биг бендот на МРТ.

Повеќе во прилогот на Дневник.

Фотографија: makfest.mk



Врати се горе ↑