Македонија 10636296_10152382999091406_21901891841498652_n

10 септември, 2014

„Македонското срце чука во 7/8“ ќе добие и трето продолжение

Познати музички имиња од целиот Балкан уште еднаш ќе се соберат на едно место да ги отпеат најубавите македонски песни отсвирени од Гаро и браќата Тавитјан. Имено, по двата успешни албума на „Македонското срце чука во 7/8“, овој проект ќе добие и трето продолжение.

„’Македонското срце кое чука во 7/8-ски такт’ ке добие и свое трето продолжение во сосема ново руво. Повторно најголемите МАКЕДОНСКИ и БАЛКАНСКИ пејачи. Проектот живее благодарение на вас драги луѓе и слушатели. Само поради вас (и големото побарување) одлучивме да продолжиме со зачувување на традиционалните песни низ нови обработки и тоа со најголемите имиња. Ние кои сме љубители на проектот знаеме дека го реализиравме во рекодни 85.000 копии (низ Балканот и дијаспората благодарение на ’Кроација Рекордс’ и ’Сити Рекордс’) што е повеќе од доволен мотив да продолжиме и е показател дека моќта на македонската традиционална песна ги руши сите рекорди. Кој слушнал македонска песна ….засекогаш ја запамтил, засакал и срцето му зачукало во седум осмини. Па да продолжиме…“, напиша Гаро на Фејсбук, кадешто само еден ден порано објави фотографија од работата во студио со познатиот хрватски музичар Дадо Топиќ, кој е првиот гостин на новото издание.



Врати се горе ↑