Настани

31 мај, 2018

Македонско-бугарската „Една љубов“ годинава прераснува во фестивал

Љубовта секогаш победува

Осум градови во двете држави беа вклучени во минатогодишната заедничка турнеја на најголемите хип-хоп ѕвезди од Македонија и Бугарија, докажувајќи дека музиката не познава граници! Токму затоа „Една љубов“ продолжува и оваа година, но со проширен репертоар, прераснувајќи во фестивал. Сево ова беше соопштено на медиумската конференција што се одржа завчера во хотелот „Маринела“ во Софија, каде што присуствуваа организаторите од двете земји и дел од изведувачите што ќе настапуваат на фестивалот, меѓу кои Марко Маринковиќ – Слаткаристика, чија агенција „Иноватива груп“ е еден од организаторите, како и братското дуо „Некст тајм“.

Фотографија на One Love Tour.

Конференцијата започна со официјалното промотивно видео, на кое гостите видоа кадри од минатогодишната турнеја и од она што претстои за годинава. „Пред точно една година ми се оствари желбата за заеднички проект меѓу Бугарија и Македонија. Турнеја која создава во името на љубовта кон музиката и која има сила да обединува и да соборува граници, дури и државните“, рече Андреј Арнаудов.

Фотографија на One Love Tour.

„Турнејата ’Една љубов’ во 2017 година премина преку две држави, продолжи 5 месеци, во 8 градови и илјадници обожаватели се собраа за да докажат дека нема ништо посилно од нејзиното величество музиката. Музиката на две соседни, блиски страни, со многу слични јазици, на сите им докажа дека љубовта обединува! Македонија и Бугарија за првпат пееја заедно во еден ритам и на еден јазик – јазикот на љубовта. Огромниот успех на оваа турнеја ги задолжи продуцентите да продолжат, за да стигнат до што поголем аудиториум од сите возрасти. Едногласно е решението да се прошири програмата и оваа година ’Една љубов’ да биде фестивал, кој ќе биде потполно бесплатен за сите! Дванаесетчасовната богата програма ќе вклучува различни стилови на музика, фолклор, детски театар и вокални групи, популарни изведувачи од двете држави, стенд-ап комичари и кулинарски презентации“, пишува во соопштението за фестивалот.

На 29.05.2018г., в зала „Витоша“ на Х-л „Маринела“ , се проведе пресконференция по повод One Love Tour 2018г.. На…

Gepostet von One Love Tour am Mittwoch, 30. Mai 2018

„Една љубов 2018“ ќе започне од Скопје, каде што посетителите ќе уживаат со богатата програма на 16 јуни, потоа на ред е Софија на 30 јуни, Банско на 21 јули, Варна на 28 јули, Струмица на 11 август, Кавадарци на 7 септември, Русе на 8 септември и ќе заврши на 5 октомври во Стара Загора. Почетокот на фестивалот во Скопје е во рамките на добрососедството, под покровителсто на Амбасадата на Р. Бугарија во Македонија, а ќе присуствуваат премиерите на Македонија и Бугарија – Зоран Заев и Бојко Борисов, министерката за внатрешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, претставници на град Скопје и на министерството за култура на Р. Македонија.

Фотографија на One Love Tour.

Во Скопје, посетителите на фестивалот ќе уживаат со изведби на „Златно славејче“, „Љубојна“, „Фолтин“, Сашко Коцев, ансамблот „Блгаре“, Графа, Деси Добрева, „Некст тајм“ и Слаткаристика. Во Софија, пак, на 30 јуни ќе настапат: „Бон-Бон“, „Телефон 113“, „Некст тајм“, Слаткаристика, Апсурт и Васил Најденов. Програмата е различна за секој град. Официјален водител на фестивалот е Ники Станоев, а во градовите учество ќе земат: Оратница, Павел и Венци Венц, Криско, Тита, Апсурт, Влатко Стефановски, Стефан Влдобрев и други.

ONE Love TOUR 2018 – Skopje

ONE Love TOUR 2018 – SkopjeLOVE ALWAYS WINS | GRAND OPENING Една љубов преку границите на Македонија и Бугарија. <3

Gepostet von One Love Tour am Dienstag, 29. Mai 2018

 



Врати се горе ↑