Настани 12165_543663892310345_340884042_n

11 декември, 2012

Македонските музичари на Винскиот Фестивал

Од утре, 12-ти декември, до сабота во Метрополис арената ќе се одржува Вински Фестивал, каде што покрај прекрасното вино, ќе можете да уживате со одлична македонска музика. Дел од програмата ќе бидат Силви Бенд кои ќе настапат со мјузиклот Коштана, Стринг Форсес, Жаклина Стефковска, Нокаут, Аренси бенд, како и Нино Величковски со Кумановски тамбураши и Скопски Чалгии. Секој ден ќе има и попладневни забави со почеток од 17 часот, а за убавото расположение ќе се погрижи DJ John Antonio. Одличен начин да се затоплите на овие студени снежни денови е со добро вино и добра музика.



Врати се горе ↑