Македонија

28 март, 2019

Македонските кандидати подготвени да го освојат „Гранд“

Во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ има многу македонски кандидати кои успеаја да стигнат до третиот круг на музичкото шоу. Имено, според новите правила на „Ѕвездите на Гранд“, секој од кандидатите има свој ментор кој ќе им помогне на нашите претставници да се покажат во подобро светло. Така, Огнен Здравковски, Мартинијан Кириловски, Елена Миленковска, Адам Лабунски, Стефан Величковски и Ангел Јовевски со своите ментори се подготвуваат за третиот круг.

Меѓутоа, во новиот круг ќе има нова правила, односно кандидатите ќе настапуваат во дуели. Деновиве продукцијата ги повика сите кандидати кои имаа задача да влечат жрепка за да видат со кого ќе се најдат во дуел и кој кого против кого ќе се бори на регионалната музича сцена. Така, Огнен Здравковски на својот Инстаграм објави фотографија од нашите претставници, а во описот напиша: „Екипа Македонци подготвени да го освоиме Гранд!“

Од друга страна, Македонецот кој ја освои публиката со првото излегување на сцената, Филип Пецовски објави фотографија како седи на местото каде што седи жирито и го претиснува тастерот.

Елена Миленковска сподели фотографија со Мартинијан Кириловски и напиша: „Македончиња во ’Гранд’“.

Стефан Величковски, кој не се натпреварува првпат во ова музичко шоу, а негов ментор е пејачката Вики Миљковиќ, се пофали како изгледа на часови кај „професорката“.

Ангел Јовевски, кој исто така е дел од Македонците кои се борат во „Ѕвездите на Гранд“, најави дека оваа сабота ќе може да го гледаме во најновата емисија.

За потсетување, пред неколку години токму во ова музичко шоу имавме финалисти и тоа Ален Хасановиќ и Филип Божиновски, а пред две години победи охриѓанецот Ристе Ристески.

Дали оваа година Македонија ќе има победник, останува да видиме.

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑