Балкан iks-faktor-x-factor-x-faktor-ziri-takmicenje-1380204760-371963

28 септември, 2013

Македонските Идоли и на X Factor

Деновиве започна снимањето на аудициите за првото издание на регионалниот X Factor, а од 8000 пријавени на предаудициите, за оваа фаза беа избрани најдобрите 300, меѓу кои и 40 од Македонија. Ова е солидна бројка, со оглед на тоа што на овој музички натпревар се пријавуваа таленти од 4 земји: Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. На официјалната Фејсбук страница на X Factor се објавени и фотографии од тековните аудиции, а дел од македонските кандидати се и учесниците на првиот Македонски Идол – победникот Иван Раденов заедно со својот брат, како и Наталија Данаилова, а заедно со неа е и момчето чиј талент го претставивме и ние на РадиоМкСлободан Данчо Пајдаков

На фотографиите наидовме на уште едно талентирано момче кое балканската публика го запозна преку проектот Операција Триумф. Станува збор за Никола Пауновиќ, кој беше дел и од групата ОТ бенд, а пред неколку години настапи на Макфест заедно со нашиот Дарко Илиевски.

Жељко Јоксимовиќ, Кристина Ковач, Кики Лесендриќ и Емина Јаховиќ го сочинуваат четиричленото жири кое ќе одлучува за судбината на кандидатите во овој популарен музички натпревар, а според досегашните впечатоци, тие одлично се снашле во оваа улога.

Лиценцата за X Factor ја поседува продукцијата МБК од Србија, а телевизиските куќи Пинк и Сител заеднички учествуваат во реализацијата на овој проект, кој ќе започне да се емитува во октомври. Во улога на водители ќе се појават српскиот актер Бане Јевтиќ и познатата македонска водителка Снеже Велков.

Галеријата со фотографии од аудициите можете да ја погледнете на овој линк.



Врати се горе ↑