Видео

21 јуни, 2018

Македонските хип-хоп артисти во „Идризово“

Тони Зен, „Пука козметика“, Фатос Бомба и Огнен Битбокс неодамна имаа заеднички настап во КПУ „Идризово“, каде што во нивните изведби уживаа околу 70 осудени лица. Хип-хоп настанот, кој се одржа на 12 јуни, го организираше здружението за помош на осудени лица и социјална адаптација, рехабилитација и реинтеграција на ранливи групи – „Просоцијал“ од Скопје, во соработка со КПУ „Идризово“.

Како што истакнуваат од „Просоцијал“, настанот е дел од активностите од секторот за ресоцијализација во установата, и има за цел олеснување и полесна социјална адаптација на осудените лица во затворските услови на живот, но и нивна полесна реинтеграција во надворешниот свет.

Имав многу ретка прилика да отидам кај "затворените" "заборавените" и да настапам пред нив, не можам да ви го опишам…

Gepostet von Toni Zen Official am Dienstag, 19. Juni 2018

„Имав многу ретка пригода да отидам кај “затворените” , “заборавените” и да настапам пред нив. Не можам да ви го опишам искуство, забележав дека на слобода има многу поголеми криминалци кои нè водат во погрешна насока. И затворениците се луѓе… Само со поинаков избор во животот“, изјави Тони Зен, кој му заблагодари на Александар Ковилоски на поканата.

„Огромна благодарност до настапувачите кои покажаа што значат зборовите ’општествена одговорност’, покажувајќи го вистинското значење на хип-хоп културата“, додадоа од „Хип-хоп Македонија“, чии членови беа дел од организацијата на настанот, а дел од атмосферата можете да погледнете од нивното видео во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑