2 јануари, 2018

Македонските ѕвезди го претставија видеото за „Вечниот Бог“

Македонските музички ѕвезди Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Даниел Кајмакоски, Димитар Андоновски, Влатко Лозаноски, Мартин и Стефан од „Некст тајм“ и Златните славејчиња, деновиве го претставија видеото за божиќната „Вечниот Бог, во реализација на продукцијата „Веста“.

Оваа песна децата низ земјава во овој претпразничен период интензивно ја учат и се подготвуваат за учество на бадниковата манифестација „Бадникови поворки“, која на 6 јануари ќе се случува низ улиците на сите градови во Македонија како возобновена православна традиција на свечено, величествено и достоинствено најавување на Христовото раѓање.

Осумте ѕвезди од македонската естрада, кои учествуваат во реализацијата на проектот „Бадникови поворки“, изјавија дека се пресреќни што се заедно, што се дружат и се сплотени во промовирањето на вистинските вредности пред своите фанови и македонскиот народ воопшто, чиишто амбасадори се токму тие, а како изгледа и звучи сето тоа можете да видите и слушнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑