Македонија Screen-shot-2015-04-15-at-10.23.54-AM

15 април, 2015

Македонските бендови растурија на „Конверс рабер трекс“

Сите 4 македонски состави кои влегоа во финалната фаза на регионалното натпреварување за млади и неафирмирани артисти, „Конверс рабер трекс“ (Converse rubber tracks) – завршија како победници и ја освоија главната награда.

„Клауд таун“

Клауд таун“ (Cloud Тown), „Џун“ (June) и „Визија“ од Скопје и „Кепурдат“ (Këpurdhat) од Тетово се меѓу 7-те победници на „Конверс рабер трекс“, што значи дека од 4 до 7 мај ќе можат да работат во професионални услови во славното „Студио М“ во Нови Сад. Тоа што ќе го сработат ќе биде под надзор на продуценти од студиото „Конверс рабер трекс“ од Бруклин, како и од нивните српски колеги.

„Џун“

По серија музички работилници во Скопје, Белград, Нови Сад, Ниш, Загреб, Сплит, Сараево и Бања Лука, на 1 март започна конкурсот на кој се пријавија повеќе од 100 бендови од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

„Визија“

Со онлајн гласање потоа беа одбрани 15 финалисти, а за победничката седумка одлучуваше жири, чии членови беа Мирела Приселац – Реми од „Елементал“, Владимир Радусиновиќ  – Радуле од „Атеист рап“ и Марко Селиќ – Марчело.

Останатите 3 состави кои ја добија наградата се „Виолета“ и „Шајзербитерлемон“ од Белград и „Раскид 13“ од Панчево.

„Кепурдат“

„Клауд таун“ конкурираа со The Lounge Room (ft. Jonin, Dj Drama Zad agolot)“, „Џун“ со Live Out Loud, „Визија“ со „Гласот на мојата душа“ и „Кепурдат“ со „The Unknown“.

тука и официјално



Врати се горе ↑