Македонија dzambo 10

8 ноември, 2014

Македонскиот принц на трубата го освои тронот на „Ворлд Мјузик Експо“

Македонскиот принц на трубата, Џамбо Агушев и неговиот неверојатен Оркестар ги нижат успесите еден по друг.

Откако претходно одржа концерти во Швајцарија и Италија, Оркестарот неодамна се врати од турнеите во Франција и Шпанија, во чии рамки стигна и до светиот храм на светската музика, ВОМЕКС (WOMEX) кој оваа година се одржа во Сантијаго де Компостела, Шпанија.

Џамбо и Оркестарот имаа свој „шоукејс“ настап на 24 октомври, пред публиката сочинета од светски музички експерти кои буквално беа восхитени од македонскиот бенд.

Свиревме пред ’најтешката’ публика, но сигурен сум дека ги освоивме… Патувавме со денови, настапувавме во Франција и Шпанија, но „Вомекс“ е комплетно поинакво искуство. Се сеќавам на изминатата година, кога седејќи во мојот дом сонував да сум на овој настан, работев во студиото и се прашував дали моите композиции некогаш ќе бидат отсвирени на ’Вомекс’. И тоа ни се оствари.

Морам да се заблагодарам на мојот оркестар и мојот тим за нивната работа и охрабрување. Многу сум горд на нив бидејќи ги инвестираа своето време и посветеност во подготовката на едно совршено шоу“ – вели Џамбо Агушев.

Следната станица за Џамбо и пријателите е Софија, Бугарија каде што неговите фанови го очекуваат да го отвори големиот концерт на српската пејачка Цеца.



Врати се горе ↑