Македонија

24 јули, 2019

Македонскиот диџеј Ампов на иста сцена со Келвин Харис и Мајли Сајрус во Приштина

Македонскиот диџеј Ампов е единствениот Македонец што ќе настапи на годинашното издание на сè попопуларниот фестивал „Сани хил“ во Приштина, кој го организира таткото на светски познатата ѕвезда Дуа Липа. Британската пејачка со косовско потекло беше главна ѕвезда на минатогодишното издание, а годинава ги носи и своите колеги Келвин Харис и Мајли Сајрус.

One of the best line-ups in Europe, happening in Prishtina, Kosovë! 🚀🙏🏻August 2nd is near, so be ready for 3 unforgettable nights.🔥#SunnyHillFestival

Gepostet von Sunny Hill Festival am Donnerstag, 18. Juli 2019

 

Младиот и уникатен 16-годишен диџеј Ампов е еден од најдобрите и најнадежните артисти на овие простори, кој со само 14 години настапи на „Скопје колинг“, и тоа на иста сцена со Мартин Гарикс (2017) и Аксвел и Ингросо (2018), како и со Хардвел на „Охрид колинг“ (2017). Исто така, има настапувано и со Равитез, Џастин Мајло и Џулијан Џордан на фестивалот „Калабалак“, како и низ вашите омилени кафулиња и дискотеки низ Македонија.

So happy to announce that I will be playing on the MAINSTAGE at Sunny Hill Festival in Prishtina alongside Calvin Harris, Miley Cyrus, Gashi and many more!

Gepostet von Ampov am Montag, 22. Juli 2019

 

„Со задоволство ви најавувам дека ќе настапам на главната сцена на фестивалот ’Сани хил’ во Приштина, покрај Келвин Харис, Мајли Сајрус, Гаши и многу други“, напиша младиот диџеј, соопштувајќи ја веста на социјалните мрежи.

Фестивалот „Сани хил“ ќе се одржува од 2 до 4 август во паркот „Гермија“ во Приштина.

Ampov's video recap.

Adrenaline.

Gepostet von Ampov am Donnerstag, 6. September 2018

Насловна фотографија: Мартин Кангалов



Врати се горе ↑