Македонија protagonist-1_f

28 ноември, 2012

Македонскиот бенд „Протагонист“ со титула наследници на „Депеш Мод“

Македонскиот електро поп бенд „Протагонист“, на интернет доби ласкава титула наследник на „Депеш мод“, пренесе „Блиц“. Бендот е сместен меѓу неколку групи кои ќе бидат предгрупа на славните „Депеш мод“ на нивните големи концерти, меѓу кои во европската турнеја која почнува на 7 мај следната година, за 19 мај е најавен и концерт на белградско Ушќе, а на 23 мај на загрепскиот стадион „Максимир“.

Бендот формиран од Рашид Салији-Rush (вокал), Кузман Маркоски (гитара) и Едмонд Амзаи (клавијатури) во 2010 година, има зад себе два албуми. Актуелни се со синглот „Hyperreal“ од претстојниот албум „No Exit Museum“ кој ќе биде издаден во 2013 година.

Песната и спотот се дело на бендот, а мастерингот на аудиото го изработил познатиот саунд-инжинер Сајмон Хејворт (Енио Мориконе, Ник Кејв, Брајан Ено, Џорџ Харисон, Депеш Мод…).

Бендот има закажано кратка турнеја низ повеќе градови во Турција, а се подготвува и за концерти низ регионов. Погледнете го видео записот за „Hyperreal“.

 



Врати се горе ↑