Македонија the-protagonist

9 мај, 2014

Македонскиот бенд „Протагонист“ ќе го отвори „Скопје гори 2014“

Еден од најпрогресивните македонски бендови, „Протагонист (The Protagonist) ќе го отворат фестивалот „Скопје гори 2014“, а како хедлајнер на овогодишното издание на фестивалот ќе настапи легендата Били Ајдол. Бендот „Протагонист“ е оформен во 2010 година од страна на Р.С. Раш (вокал, гитара и пијано), Кузман (гитара, клавијатури, програмирање и пијано) и Едмонд (програмирање, клавијатури и ефекти).

 

Нивниот деби албум No Exit Museum”кој треба да се појави оваа година, е мастериран од страна на Сајмон Хејворт (Simon Heyworth), кој соработувал со имиња како што се Ник Кејв, Мајк Олфилд, Брајан Ено, „Депеш мод“, „Симпл мајндс“… Првите два сингла од овој албум влегуваат меѓу најдобрите 20 на регионалниот канал Ем-ти-ви Адрија, со што доаѓа до израз квалитетот на бендот и надвор од границите на Македонија.

 

Како што претходно Ве информиравме, фестивалот „Скопје гори 2014“ годинава ќе се одржи на 27 јуни на Скопско кале, а влезниците веќе се во продажба преку билет сервисот „Купи Карти За Сè“. Во наредните неколку недели ќе бидат објавени и гостите и специјалните гости на фестивалот „Скопје гори 2014“.

 



Врати се горе ↑