Аудио harry-co-remix

4 март, 2014

Македонски ремикс на „Papaoutai“ од Стромае

Познатиот композитор Хари Котларовски кој потпишал бројни македонски хитови и чиј звук ги следи интернационалните клубски музички квалитети, деновиве го претстави својот нов ремикс. Станува збор за хитот „Papаoutai“ на белгискиот музичар Стромае, песна која е прв сингл од неговото второ студиско издание „Racine Carrée“, објавено во август минатата година. Како звучи македонскиот ремикс на оваа тема можете да слушнете во продолжение, а повеќе ремикс изданија од Котларовски можете да слушнете на сервисот SoundCloud.

 



Врати се горе ↑