Балкан maxresdefault

30 август, 2013

Македонски музички имиња во црногорскиот кандидат за Оскар

Филмот  АС ПИК – ЛОША СУДБИНА е црногорскиот кандидат за наградата Оскар во категоријата Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје во 2013. Филмот е на режисерот Драшко Ѓуровиќ, работен е според сценариото на Обрад Ненежиќ, а продукцијата е на Здружението на филмски работници на Црна Гора.

Во подготовката на филмот учествуваа и две македонски имиња – Зоран Краљевски, кој е ко-автор на музиката во филмот, и актерот Мони Дамевски („Пред дождот”) кој му асистираше на режисерот Ѓуровиќ во работата со студентите по актерска игра.

Темата „Мила“ која е дел од филмот, во оригинал е изведена од македонскиот рок состав ЕПТЕН и се наоѓа на ниниот деби албум објавен во јуни годинава!

Во главните улоги на филмот се јавуваат холивудската ѕвезда Мајкл Медсен (познат по блокбастерите „Убиј го Бил“, „Kасапски кучиња“, „Телма и Луис” и тн.), П. Бјелац (волшебникот во ,,Хари Потер 4”)  и  Г. Пусеп (,,Мјузик бокс” на Коста Гаврас). Премиерата на „Ас пик“  беше во јуни мината година, а досега филмот можеше да се види како дел од голем број филмски фестивали во Европа (Париз, Стокхолм, Москва, Сараево, Скопје, Мостар, Ниш, Стара Загора… ).



Врати се горе ↑