Настани

24 април, 2018

Македонски и регионални ѕвезди на првиот „Ентер-фест“ во Скопје

Музички ураган , невиден досега на овие простори ќе му се случи на главниот град. Од 29 мај до 2 јуни, на две сцени, надвор и внатре во спортскиот центар „Борис Трајковски“, започнува ново музичко доживување за љубителите на фестивалите. Врвната техничка опрема, специјалните светлосни ефекти кои ќе го осветлат цело Скопје и звук каков што досега не е чуен на овие простори, ќе направат овие 5 дена Скопје да дише во ритамот на ЕНТЕР-ФЕСТ.

Она што досега се случуваше далеку од центарот на Скопје и Македонија, сега ќе може да се доживее во срцето на главниот град, петдневен музички спектакл за кој долго ќе се се раскажува. На фестивалот учество ќе земат над 50 изведувачи од земјата и странство. Во рамките на фестивалот ќе се организира и семеен ден со слободен влез со посебна програма, анимација и забава наменета за сите дечиња.

Фотографија на Enter Fest.

Фестивалот има за цел на едно место да ги спои сите љубители на добрата музика од Македонија и од соседните земји. Освен што велат дека ќе има музика за сечиј вкус, додаваат и дека на посетителите ќе им понудат најевтино квалитетно пиво.

Билетите се веќе во продажба, и тоа по цена од 990 денари за блок-влезница. Истите може да се купат преку продажната мрежа на МК Тикетс, како и онлајн на www.mktickets.com, а во продолжение погледнете и кој сè ќе настапи на првото издание на фестивалот:

1. Тамара Тодевска
2. Ера Истрефи
3. Масимо Савиќ
4. Атомско склониште
5. Дадо Топиќ
6. Партибрејкерс
7. Ван Гог
8. Игор Џамбазов и Гуру Харе
9. Гоце Саф
10. Опча опасност
11. Марчело
12. ПМГ
13. Дивље Јагоде
14. Ај кју
15. Земља грува
16. Кепурдат
17. Елементал
18. Бени Нон-стоп
19. Неверне бебе
20. Кербер
21. Визија
22. Конкеринг лајон
23. Бед копи
24. Дани
25. ЕнБеКа и Твистер
26. Кара
27. Минстрелс галери
28. ДНК
29. Кристина Арнаудова
30. Севдах бејби
31. Ки
32. Аутмајнд
33. Викторија Лоба
34. Теодора
35. Ничим Изазван
36. Агушеви оркестар
37. Темпера
38. Фолтин
39. Но нејм нејшн

ENTER Fest

ENTER Fest Skopje.

Gepostet von Enter Fest am Montag, 23. April 2018



Врати се горе ↑