Настани

11 август, 2018

Македонски и балкански ѕвезди на „Тиквешки гроздобер 2018“

Македонски и балкански музички ѕвезди ќе настапат на годинашното издание на манифестацијата „Тиквешки гроздобер 2018“, која ќе се одржува од 7 до 9 септември во Кавадарци.

Првиот ден е резервиран за „САФ саунд систем“, диџеј Џорџ, Слаткаристика и бугарската рап-ѕвезда Криско, а следната вечер, на 8 септември сцената ќе ја преземат фолклорниот ансамбл „Тиквеш“, групите „Љубојна“ и „Некст тајм“, како и принцот на трубата Џамбо Агушев со неговиот оркестар.

Последниот ден на годинашната манифестација ќе помине во знакот на популарната балканска ѕвезда Цеца Ражњатовиќ, чиј настап е закажан со почеток од 22.00 часот, а пред неа ќе настапи бендот „Хепи енд“.

Покрај музичката програма, во рамките на тридневната манифестација предвидени се и многу други настани како што се дегустација на вино, трка на келнери, уметнички работилници, карневалско дефиле, таблијада, изложба на одлтајмери и слично.



Врати се горе ↑